Време е: руралните и урбаните активист(к)и дејствуваат за промена на животите на жените
- Details
- Created on Thursday, 08 March 2018 09:10
Во рамки на активностите на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, а по повод 8ми Март - Меѓународниот ден на жената кој оваа година се одбележува под глобалното мото „Време е: руралните и урбаните активист(к)и дејствуваат за промена на животите на жените„ денес со почеток во 17 часот во просториите на ОУ Страшо Пинџур во село Радање-општина Карбинци, ќе се одржи сесија за правно описменување на жени и девојки на тема заштита од семејно насилство. Поканети се сите кои сакаат да се запознаат со граѓанско-правниот аспект на заштитата на жртви на семејно насилство.
Ending Violence Against Women: Implementing Norms, Changing Minds
- Details
- Created on Wednesday, 28 February 2018 09:15
Officially today, with the signing of a partnership agreement with UN Women Skopje, our organization is part of the program "Ending Violence Against Women: Implementing Norms, Changing Minds". #changingmindstoEVAW

Мрдни со прст, ти си на потег - промотивен настан во Штип
- Details
- Created on Monday, 19 February 2018 09:23
ОЖОСВН, заедно со партнер организацијата EcHO Educational Humanitarian Organization од Штип на 17ти февруари оддржаа промотивен настан во Coffee Lab во Штип. Целта на настанот беше запознавање на Штипјани со јавниот повик за локални/маалски акции. На настанот се забавувавме со музиката на DJ Vac. Голема благодарност до сите присутни на настанот. Продолжуваме и понатаму да мрдаме со прсти! {gallery}19.02.2018{/gallery}
EХО Едукативно Хуманитарна Организација Штип ја изразува својата поддршка на 200-те работници/чки кои беа вработени во фабриката за текстил Веибо Груп
- Details
- Created on Thursday, 15 February 2018 09:30
EХО Едукативно Хуманитарна Организација Штип ја изразува својата поддршка на 200-те работници/чки кои беа вработени во фабриката за текстил Веибо Груп, кои за жал останаа на улица. Имено, според сознанијата на здружението Гласен текстилец од Штип, во оваа компанија се прекршувале основни човекови и работнички права уште пред година и пол како отпуштања на бремени жени, мобинг, неплатена прекувремена работа, договори од еден месец кои јасно им даваа до знаење на работниците дека тоа е дисциплински ефект за никој да не се побуни дека им се прекршувани нивните основни човекови и работнички права.
Јавен повик за реализирање на локални акции
- Details
- Created on Wednesday, 31 January 2018 19:31
Организација на жените на Општина Свети Николе и партнер организацијата ЕХО од Штип, во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ го објавуваат овој јавен повик за поддршка и спроведување на локални акции во Општина Штип.
Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои засегаат поголем број граѓани и групи.
Сесија за правно описменување на граѓаните на тема заштита од семејно насилство
- Details
- Created on Tuesday, 26 December 2017 09:36
Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, финансиран од Фондација Отворено општество - Македонија, на 22.12.2017 година во просториите на ЕХО се одржа сесија за правно описменување на граѓаните на тема заштита од семејно насилство. Целта на овие сесии е да им овозможат зголемување и зајакнување на свеста, знаењата, вештините и самодовербата на граѓаните во препознавање и справување со правните проблеми, како и остварување и заштита на правата.{gallery}26.12.2017{/gallery}
More Articles...
- Дебата во рамки на Кампањата 16 денови активизам против насилство врз жени и девојчиња
- Трибина за ученици од средните и основни училишта на тема: Родова рамноправност и родово базирано насилство
- Дебата на тема: „Постигнувања, потреби и предизвици во однос на родовата сензибилизација во редовите на армиските и полициските сили“
- Сесија за правно описменување на граѓаните на тема минимална плата