Одржана третата едукативна сесија на тема oстварување и заштита на правото на издршка
- Details
- Created on Tuesday, 25 September 2018 20:02
Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество - Македонија, на 24.09.2018 година во просториите на ЕХО се одржа третата едукативна сесија за правно описменување и зајакнување на граѓаните на тема oстварување и заштита на правото на издршка. Преку интересна дискусија за честите прекршувања на ова право и преку практични примери учесниците научија каде може да побараат помош и совет и какви постапки за заштита може да водат граѓаните кога трпат ваков вид на економско насилство.{gallery}25.09.2018{/gallery}
Кои се условите за остварување на бесплатна правна помош
- Details
- Created on Friday, 21 September 2018 10:25
Подготвивме информативен приказ за условите кои барателите треба да ги исполнат за да остварат право на бесплатна правна помош.
Едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка
- Details
- Created on Friday, 21 September 2018 10:21
Почитувани, во рамки на активностите на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, во понеделник, 24.09.2018 година, со почеток во 18:00 часот во просториите на ЕХО што се наоѓаат во Штип на ул.Христијан Карпош бр.6/4 спроти здравствениот дом, ќе се одржи едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка. Неплаќањето на судски определената издршка за децата е еден од најчестите облици на економско насилство што го преживуваат жените и децата. Поканети се сите кои сакаат да научат повеќе и да ги споделуваат информациите во својата заедница.
Одржана првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство
- Details
- Created on Sunday, 16 September 2018 12:25
Во периодот од 11 – 12 септември во хотел Сириус, Струмица, се одржа првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство. Работилницата е дел од активностите на проектот „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот од неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство“ во рамки на регионалната програма на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија. {gallery}16.09.2018{/gallery}
Зошто, кому, каде и како до правото на бесплатна правна помош
- Details
- Created on Tuesday, 21 August 2018 11:16
Во рамки на проектот “Пристап до правда во Македонија“, финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија, изготвивме видео со информации кои ќе им послужат на граѓаните да дознаат зошто, кому, каде и како до правото на бесплатна правна помош. Информирајте се правно!
Информација за работата на ЕХО во областа на бесплатната правна помош и пристапот до правда во првите шест месеци од 2018 година
- Details
- Created on Wednesday, 01 August 2018 10:03
Во првото полугодие на 2018 година, во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија„ финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија, ЕХО обезбеди бесплатна претходна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош во 107 случаи.
Целосната информација е прикажана на следниов линк.
More Articles...
- Покана за доставување понуди 1 за набавка на услуги – ангажирање на експерт за изработка на студија на случај
- Работилница - „Подготовка на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени - жртви на насилство“
- Интегративен пристап за општи и специјализирани услуги за поддршка на жените и девојките кои преживеале насилство
- Одржана сесијата за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство
