Работилница за подготовка на документ за јавни политики
- Details
- Created on Saturday, 22 December 2018 18:59
Подготовка на документ за јавни политики на тема “Прилагодување на македонското законодавство и практики кон стандардите поставени во Конвенцијата на Сoветот на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство“. Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna. {gallery}22.12.2018{/gallery}
Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците
- Details
- Created on Friday, 21 December 2018 18:49
Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna, од 20 до 22 декември се одржува Работилница на тема: Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство, а е наменета за членовите на МТЗ во општините Штип и Струмица.
И ти можеш! - Прво наградено видео на Кристина Јаковлева и Матеја Богдан
- Details
- Created on Tuesday, 27 November 2018 12:59

И ти можеш! - Прво награденото видео на Кристина Јаковлева и Матеја Богдан на наградниот конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
Конкурсот беше објавен во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство“, спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.


#СлушниЈа - Второ наградено видео на Глорија Стојкова
- Details
- Created on Tuesday, 27 November 2018 12:56

#СлушниЈа - Второ награденото видео на Глорија Стојкова на наградниот конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
Конкурсот беше објавен во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство “,спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.


Spek up! - Трето наградено видео на Илиријан Селими
- Details
- Created on Tuesday, 27 November 2018 12:47

Spek up! - Трето награденото видео на Илиријан Селими на наградниот конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
Конкурсот беше објавен во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство “,спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.


Награден конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
- Details
- Created on Monday, 29 October 2018 13:41

ЕХО Едукативно – хуманитарна организација – Штип објавува конкурс за креативни фотографии, илустации и видеа на теми поврзани со спречување на насилството врз жените и девојките .
Право на учество имаат студенти/ки и млади над 18 години, кои своите пораки за спречување на насилството врз жените и девојките можат да ги преточат во фотографија, илустрација или кратко видео.
Се охрабруваат апликантите во композицијата и/или сценариото на своите дела да вклучат припадници на армиските и/или полициските сили, претставници на малцински групи, или лица со посебни потреби, со цел да се даде симболичен приказ на сериозноста на проблемот и да се повика јавноста активно да се вклучи во спречување и заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство.
Со лицата кои ќе ги изработат најдобрите три креативни дела, ЕХО ќе склучи авторски договор за нивно користење за потребите на организацијата. (Договорите ќе бидат во висина од 25.000 денари, 20.000 денари и 15.000 денари во бруто износ, во зависност од рангирањето на креативните дела).
Трите највисоко оценети креативни дела ќе бидат објавени на веб страницата на ЕХО, фејсбук страницата на ЕХО, а доколку станува збор за видеа, ќе се објават и на You Tube каналот на ЕХО и истите ќе се промовираат во вид на спонзорирани објави за време на глобалната Кампања „16 денови активизам против родово базирано насилство“, чие годинешно мото гласи „Orange the World: #HearMeToo“. За повеќе информации во врска со кампањата кликнете овде.
Како да аплицирате
Креираните фотографии, илустрации, или видеа со назнака „За награден конкурс“, заедно со личните податоци и контакти за авторот, треба да се испратат на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , најдоцна до 20 ноември 2018 година, а изборот ќе се изврши најдоцна до 23 ноември 2018 година.
Фотографиите, илустрациите и видеата треба да бидат во форма која е погодна за дигитално објавување и е во согласност со критериумите за објавување на социјалните мрежи.
Се препорачува фотографиите, илустрациите и видеата да бидат изработени во квалитетна резолуција, а должината на видеата да изнесува најмногу 2 минути.
Конкурсот се објавува во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство “,спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација ,во партнерство со Организација на жените од Струмица и Македонско здружение на млади правници.
За подетални информации во врска со конкурсот испратете порака на фб страницата на ЕХО https://www.facebook.com/echostip/
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.


More Articles...
- Одржана третата едукативна сесија на тема oстварување и заштита на правото на издршка
- Кои се условите за остварување на бесплатна правна помош
- Едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка
- Одржана првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство