Состанок на мулти-секторскиот тим на заедницата на Струмица за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство
- Details
- Created on Thursday, 04 April 2019 14:52
Состанокот е дел од активностите од проектот ‚‚Примена на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени и девојки жртви на насилство‘‘ што ЕХО го спроведува во рамки на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.
Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство
- Details
- Created on Tuesday, 26 March 2019 15:45
Од 23 до 24 март се одржа Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство, наменета за јакнење на капацитетите на мрежата на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство.
Дел од проектот ‚‚Примена на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени и девојки жртви на насилство‘‘ што ЕХО го спроведува во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија. {gallery}26.03.2019-1{/gallery}
Работилница на тема: Мрежно застапување за унапредување на услугите за жени и девојки жртви на насилство
- Details
- Created on Tuesday, 26 March 2019 14:41
Во организација на ЕХО, од 22 до 23 март се одржа Работилница на тема: Мрежно застапување за унапредување на услугите за жени и девојки жртви на насилство, наменета за јакнење на капацитетите на мрежата на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија. {gallery}26.03.2019{/gallery}
Студиска посета на Белград во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“
- Details
- Created on Wednesday, 09 January 2019 14:21
Во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“ финансиски поддржан од Kvinna till Kvinna, претставнички на ЕХО, во периодот од 24 декември до 27 декември 2018 година, реализираа студиска посета во Белград, каде остварија размена на искуства, знаења и идеи за идна соработка со сродни организации кои работат на полето на родовата еднаквост и насилството врз жени. {gallery}09.01.2019{/gallery}
“Што мисли народот?“ - Емисија на ТВ Стар
- Details
- Created on Tuesday, 25 December 2018 14:16
Правничката од ЕХО, Благица Киров беше гостинка на Тони Михаилов и ТВ Стар во отворената емисија “Што мисли народот?“.
Тема на емисијата беа новините во регулативата за бесплатната правна помош, пристапот до правда за граѓаните, со акцент на пристапот до правда за жените жртви на насилство. Граѓаните беа заинтересирани и преку телефонски јавувања во живо добија одговор на неколку прашања во врска со правните проблеми што ги искусуваат.
Ова медиумско гостување на правничката на ЕХО е дел од активностите за зголемување на јавната свест и информираноста на граѓаните за новините во системот на бесплатна правна помош, реализирани во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“ што е поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија.
Повеќе информации за остварување на правото на бесплатна правна помош можете да најдете на You tube каналот на ЕХО, на следниве линкови:
https://www.youtube.com/watch?v=fWCswD86wOA
https://www.youtube.com/watch?v=2IYWL5b9FLc
Интегрирање на родовата перспектива во работата на МТЗ
- Details
- Created on Saturday, 22 December 2018 19:03
Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna, од 20 до 22 декември се одржа Работилница на тема: Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство, а е наменета за членовите на МТЗ во општините Штип и Струмица. {gallery}22.12.2018-1{/gallery}