Дебата во рамки на Кампањата 16 денови активизам против насилство врз жени и девојчиња
- Details
- Created on Wednesday, 06 December 2017 09:46
#сосрцезасекојаедна #16Days #orangetheworld {gallery}06.12.2017{/gallery}
Трибина за ученици од средните и основни училишта на тема: Родова рамноправност и родово базирано насилство
- Details
- Created on Monday, 04 December 2017 09:53
Во рамки на Кампањата 16 денови активизам против родово базираното насилство, во соработка со Општина Штип, ЕХО одржа Трибина за ученици од средните и основни училишта на тема: Родова рамноправност и родово базирано насилство. {gallery}04.12.2017{/gallery}
Дебата на тема: „Постигнувања, потреби и предизвици во однос на родовата сензибилизација во редовите на армиските и полициските сили“
- Details
- Created on Wednesday, 29 November 2017 09:57
05.11.2017 (Вторник), 12:00, Хотел Оаза -Штип
Во рамки на глобалната Кампања 16 денови активизам против родово базираното насилство, „Вклучи се со срце за секоја една“, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, организира Дебата на тема: „Постигнувања, потреби и предизвици во однос на родовата сензибилизација во редовите на армиските и полициските сили“ што ќе се одржи на 5 декември 2017 година, во Хотел Оаза – Штип, со почеток во 12.00 часот.
Настанот е поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – Канцеларија Скопје, преку проектот „Подготовка за ратификација на Истанбулска конвенција: усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените“.

Сесија за правно описменување на граѓаните на тема минимална плата
- Details
- Created on Wednesday, 08 November 2017 10:04
Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, финансиран од Фондација Отворено општество - Македонија, ЕХО и Гласен текстилец од Штип на 20.10.2017 година одржаа сесија за правно описменување на граѓаните на тема минимална плата. Целта на овие сесии е да им овозможат зголемување и зајакнување на свеста, знаењата, вештините и самодовербата на граѓаните во препознавање и справување со правните проблеми, како и остварување и заштита на правата.{gallery}08.11.2017{/gallery}
Завршна конференција на проектот Пристап до правда во Македонија
- Details
- Created on Thursday, 29 June 2017 10:08
На 27 јуни 2017 (вторник), со почеток од 10 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, се одржа завршната конференција на проектот Пристап до правда во Македонија во организација на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).Настанот го отвори Н.Е. Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија, кој посочи дека потребно е јакнење на капацитетите на Министерството за правда и неговите подрачни одделенија во однос на давањето бесплатна правна помош и дека се потребни повеќе финансии за унапредување на бесплатната правна помош со оглед на тоа што Македонија во последниот извештај на Советот на Европа за оценката на правните системи е рангирана меѓу последните држави.{gallery}29.06.2017{/gallery}
Работилница за правно описменување со средношколци на тема „Работнички права“
- Details
- Created on Friday, 21 April 2017 10:24
На 20 април 2017 EcHO Educational Humanitarian Organization/Ехо Штип одржа работилница за правно описменување со средношколци на тема „Работнички права“.
Обуката се спроведе во рамки на проектот кој Консалтинг за стратешки развој го спроведува заедно со Akcija Zdruzenska/Акција Здруженска. Проектот е поддржан од UN Women Europe and Central Asia. {gallery}21.04.2017{/gallery}