Одржана работилница во СОУ Димитар Мирасчиев
- Details
- Created on Wednesday, 23 October 2019 15:11
Во училиштето Димитар Мирасчиев се одржа работилница - дел од проектот за подигање на свеста за препознавање и борба против родово базираното насилство и домашното насилство. Проектот е поддржан од UN Women, Психотерапика, MИЛА и НВО Ехо. {gallery}23.10.2019{/gallery}
Активност на ЕХО за промоција на новиот закон за БПП
- Details
- Created on Friday, 27 September 2019 17:35
Во денешните активности на ЕХО насочени кон промоција на бесплатната правна помош, отворено со информации за граѓаните. Тимот на ЕХО, воден од ентузијазмот на волонтерките Викторија, Ребека и Матеја, делеше информативни флаери за новините во бесплатната правна помош кои стартуваат веќе од вторник, 01 октомври.{gallery}27.09.2019{/gallery}
Второ инфо видео за бесплатна правна помош
- Details
- Created on Wednesday, 25 September 2019 10:26
Информативно видео за исклучоците од редовната постапка за одобрување на барања за бесплатна правна помош согласно новиот закон за бесплатна правна помош.
Промотивно видео за новиот закон за бесплатна правна помош
- Details
- Created on Thursday, 29 August 2019 15:26
Видеото содржи основни информации за граѓаните во врска со новиот Закон за бесплатна правна помош.
Проект: Следење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните набавки на локално ниво
- Details
- Created on Monday, 29 July 2019 12:41
- Временски период за реализација : јули 2018 – ноември 2019
Цел на проектот е да се оцени нивото на транспарентност, отчетност и интегритет при спроведувањето на јавните набавки од страна на општините од Вардарскиот плански регион, преку истражувања за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки на сите општини од Вардарско планскиот регион за 2017 и 2018 година, како и запознавање на локалната заедница со состојбитите со јавните набавки заради унапредување на истите.
Крајна цел на проектот е проценка на состојбата и подобрување на целокупниот процес на јавните набавки на локално ниво, односно пошироко од процедурите опфатени во законската регулатива.
Настан од промоција на резултатите од истражувањето за 2017 година одржан на 23 јануари 2019 во Велес. На настанот учествуваа претставници од општините, јавните претпријатија, како и од граѓанските организации од Вардарскиот регион.
{gallery}29.07.2019{/gallery}
Правно-едукативна сесија, дел од проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“
- Details
- Created on Saturday, 29 June 2019 16:07
Споделуваме дел од атмосферата на сесијата за правно зајакнување на граѓаните, одржана во канцеларијата за бесплатна правна помош на ЕХО. Присутните имаа можност да се информираат и да прашуваат за се во врска со правото на бесплатна правна помош согласно новиот Закон за бесплатна правна помош. Споделивме информативни флаери и се дружевме, разговарајќи за правните прашања, недоумици и проблеми што ги имаат.
#Заедносмепосилни! #Правнозајакнуваме!
Оваа правно-едукативна активност е дел од проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“ финансиски поддржан од ФООМ.{gallery}29.06.2019{/gallery}