Се намалуваат судските такси за физичките лица
- Details
- Created on Wednesday, 09 September 2020 20:53
Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните.
Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.
Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари.
Така, во спорови од голема вредност и физичките и правните лица плаќаа најмногу до 48.000 денари судска такса за поднесување на тужба и уште толку такса за судска одлука. Значи, овој износ на судски такси во првостепена постапка, според важечките прописи, може да достигне износ до 96.000 денари. Доколку се усвојат овие измени, во вакви случаи физичко лице би платило такси за тужба и за одлука најмногу до 12.000 денари.
Биди отпорен на корупција
- Details
- Created on Wednesday, 26 August 2020 19:45

Известување до јавноста
- Details
- Created on Thursday, 23 July 2020 20:40
ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип започна со реализација на проектот „Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво„ кој се спроведува во рамки на проектот ,,Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво”* , реализиран од Фондација Отворено опшество – Македонија, а финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19
- Details
- Created on Thursday, 02 July 2020 21:04
ЕХО Штип започна со реализација на проектот “Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19“, во рамки на кој го прошируваме опсегот на примарната правна помош на нашите сограѓани на кои им е потребна помош и поддршка во остварување и заштита на работничките, правата од областа на невработеноста и од социјалната заштита.
Проширувањето се однесува на:
- Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници со ниски приходи, кои останале без работа и чии работнички права се прекршени.
- Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници од неформалната економија, кои се соочуваат со потешкотии во пристапот до права од социјална заштита и во случај на невработеност.
- Зголемување на информираноста и знаењето за работничките права.
Ги охрабруваме сите граѓани кои имаат правен проблем, потреба од правна информација, совет, упатување и поддршка за заштита и остварување на работнички, социјални права и антикризни мерки да се обратат во здружението ЕХО кое се наоѓа на ул.Христијан Т. Крпош бр.6/4 (спроти здравствениот дом), со јавување на 032 384 143 или на 070 22 82 82, како и на нашата ФБ страница со порака.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.
Помош околу домашна платежна картичка
- Details
- Created on Thursday, 11 June 2020 15:49
Не знаете како да проверите дали сте корсник на домашната платежна картичка?
Системот ви одговорил дека не сте на листата на корисници а вие ги исполнувате условите и сметате дека имате право?
Ние можеме да ви помогнеме.
ЕХО им нуди помош на граѓаните за проверка на податоците на веб страната, како и за помош и поддршка на граѓаните кои не се на листата на корисници на оваа парична помош, сметаат дека треба да добијат картичка и сакаат да реагираат во врска со тоа.
Јавете се на 070 228 282.
Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество
- Details
- Created on Monday, 27 April 2020 16:22

Во 2019/2020 година тимот на ЕХО ги градеше капацитетите како дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од Делегацијата на Европска Унија.
Дел од тимот на ЕХО учествуваа како истражувачки и авторки на студијата „Од закони до пракса - колку се функционални локалните механизми за родова еднаквост? : студија во Вардарски и Источен Регион“ достапна на https://cutt.ly/0ydZlpX како и на мониторинг извештајот „Како до функционални локални механизми за родова еднаквост“ достапен на https://cutt.ly/6ydZvgz