Известување до граѓаните
- Details
- Created on Thursday, 26 March 2020 11:15

Промотивно, едукативно видео за Пристап до правда
- Details
- Created on Friday, 31 January 2020 16:18
Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта
- Details
- Created on Wednesday, 25 December 2019 16:01
Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта, проект за информирање и едукација на ученици и школски тимови за родовите стереотипи и родово-базираното и семејно насилство. {gallery}25.12.2019{/gallery}
Панел дискусија со претставници од локални институции и адвокати
- Details
- Created on Monday, 23 December 2019 16:10
На 23.12.2019 г. ЕХО, во соработка со претставничка на Министерството за правда - Подрачно одделение во Штип реализираше панел дискусија со претставници од локални институции и адвокати, на која дискутантите ги споделија досегашните искуства и очекувањата од новиот Закон за бесплатна правна помош. {gallery}23.12.2019{/gallery} Се направи осврт на улогата на адвокатите, обврските на сите учесници, како и осврт врз се она што на адвокатите им се чини како можни предизвици во практикувањето на законот, меѓу кои: ослободувањето од трошоци за вештачење за потребите на постапките, висината на надоместокот и плаќањето за извршената работа на адвокатите, изборот на адвокати од листата на регистрирани, итност во одобрувањето на помошта и унапредување на системот на БПП преку регистрирање на нови адвокати.
Учество на обуки за правно зајакнување на вработени во Министерството за труд и социјална политика
- Details
- Created on Wednesday, 18 December 2019 19:03
Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Штип остварија средба со Мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките
- Details
- Created on Monday, 16 December 2019 17:36
Денес во просториите на Општина Штип, претставници на Мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од сите видови на насилство од Штип и Струмица, остварија средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов. На средбата беше презентирана работата и постигнувањата на Мултисекторските тимови и се разговараше за официјализирање на соработката на општината со Мултисекторските тимови во насока на взаемна поддршка за спроведување на родово одговорните политики. Претставниците на Општината изразија задоволство од ентузијазмот, успехот и постигнувањата на тимовите како и од можноста за продлабочување на соработката и изразија надеж дека двете општини во кои функционираат тимовите ќе претставуваат пример во Северна Македонија, но и пошироко, во регионот, за успешно функционирање на интегративниот пристап до пакетот на неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство. {gallery}16.12.2019{/gallery}
More Articles...
- Средба со градоначалникот на општина Струмица со претставници од мултисекторските тимови од Штип и Струмица
- Работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство
- Работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата од Штип и Струмица
- Едукациска сесија за новиот закон за бесплатна правна помош