Средба со градоначалникот на општина Струмица со претставници од мултисекторските тимови од Штип и Струмица
- Details
- Created on Friday, 06 December 2019 17:31
Претставници на Мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од сите видови на насилство од Штип и Струмица, денес во просториите на Општина Струмица, остварија средба со градоначалникот на општина Струмица и претседателот на Советот на Општина Струмица. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката на општината со Мултисекторските тимови во насока на взаемна поддршка за спроведување на родово одговорните политики насочени кон потребите на жените и девојките изложени на насилство како и за изнаоѓање на трајно решение за одржливоста и функционалноста на мултискеторските тимови во двете општини.
#16денаактивизамзаборбапротивродовобазиранонасилство {gallery}06.12.2019.2{/gallery}
Работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство
- Details
- Created on Friday, 06 December 2019 07:52
Во периодот од 4 - 6 декември, во Хотел Сириус, Струмица, ЕХО реализира работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство – Разбирање на насилтвото врз жените и девојките“.
Работилницата е наменета за зајакнување на капацитетите на адвокатките и адвокатите, а со цел ЕХО да ја прошири мрежата на обучени соработници за ефикасна и ефективна заштита на жените и девојките изложени на насилство.
Работилницата е дел од активностите на проектот „Да креираме бранови на промени за родова рамноправност", поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и воедно се совпаѓа и претставува придонес кон кампањата 16 денови активизам против родово базирано насилство. {gallery}06.12.2019{/gallery}
Работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата од Штип и Струмица
- Details
- Created on Monday, 25 November 2019 09:24
Во периодот од 21- 23 ноември во Охрид, ЕХО реализираше работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство. На работилницата учествуваа членови на мултисекторските тимови од Штип и Струмица кои дадоа активен придонес во подготовката на заедничкиот акциски план. Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „ Да креираме бранови на промени за родова рамноправност, што ЕХО го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Kvinna till Kvinna.{gallery}25.11.2019{/gallery}
Едукациска сесија за новиот закон за бесплатна правна помош
- Details
- Created on Friday, 15 November 2019 17:07
Во рамки на проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“ финансиски поддржан од ФООМ, одржавме едукациска сесија за правно зајакнување на граѓаните во врска со новините од новиот закон за бесплатна правна помош. {gallery}15.11.2019{/gallery}
Презентација на резултати од истражување за јавните набавки
- Details
- Created on Thursday, 31 October 2019 15:28
На денешниот настан беа презентирани податоци добиени со истражување во кое беа опфатени сите јавни набавки споведени од деветте општини од Вардарскиот плански регион, како договорни органи, во 2017 и во 2018 година. {gallery}31.10.2019{/gallery}
25 Октомври - Европски ден на правдата
- Details
- Created on Friday, 25 October 2019 15:17
25 октомври е Европски ден на правдата.
Од своето основање во 2003 до денес, ЕХО посветено работи на подобрување на пристапот до правда за граѓаните, помош и поддршка за остварување и заштита на нивните права. Продолжуваме и понатаму да се застапуваме за унапредување на законската рамка, системска промена на институционалните практики и правно зајакнување на граѓаните.