Презентација на родовите приоритети утврдени преку проектот “Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина”
- Details
- Created on Wednesday, 17 November 2021 08:58
Настанот го спроведува ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип, во рамки на проект “Вклучи се – побарај гласно!“ спроведуван од НСРР- Национален совет за родова еднаквост во соработка со АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности. {gallery}16.11.2021{/gallery}
Предавања за заштита од врсничко насилство
- Details
- Created on Tuesday, 05 October 2021 15:41
Деновиве нашата организација ЕХО на покана на Комисијата за еднакви можности од Општина Штип во соработка со СВР Штип, во основните училишта одржаа предавања за заштита од врсничко насилство на тема: „Биди другар, не насилник“. На овие едукативни дружења со учениците од основните училишта во градот под Исарот ЕХО сето ова го визуализираше со девет постери на кои беше прикажан различен вид насилство. Младите волонтерки на ЕХО им ги пренесоа пораките од постерите на заинтересирани ученици, информирајќи ги дека постерите се креација од нивни врсници, ученици од основните и средните училишта во Штип. Голема благодарност до училиштата и образовниот кадар кои ни посакаа топло добредојде и кои се отворени за уште многу заеднички проекти во иднина. {gallery}05.10.2021{/gallery}
Проект: Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам
- Details
- Created on Monday, 19 July 2021 11:45
Проектот „Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам“ е наменет за млади девојчиња и момчиња во Штип.
Целта на проектот е да се сменат ставовите и однесувањето на младите девојчиња и момчиња преку едукација за препознавање и дејствување во заедницата за да се спречи насилството врз жените и девојчињата.
Охрабруваме интерактивна дискусија помеѓу девојчиња и момчиња за форми на насилство што тие не ги препознаваат затоа што се прифатени како „нормални“ во нивните односи и опкружување. Ги охрабривме преку нивно активно учество преку креативно изразување на сопствените ставови и сфаќања да придонесат за промена на јавната свест за неприфаќање, спротивставување и спречување на насилство врз жени и девојчиња и семејно насилство.
На 29 и 30 мај ЕХО одржа Арт работилница за млади во рамки на проектот „Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам“.
{gallery}29.05.2021{/gallery}
Успешно реализирана изложба на тема: „Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам“:
Младите активисти на ЕХО креираа постери со кои му се спротиставуваат на насилството и ги поттикнуваат другите да му кажат НЕ и да го препознаат истото.
{gallery}01.07.2021{/gallery}
Бесплатна правна помош за остварување и заштита на работнички права
- Details
- Created on Sunday, 27 June 2021 23:03
Бесплатна правна помош за остварување и заштита на работнички права може да добиете во овластеното здружение ЕХО Штип.
Канцеларијата на ЕХО се наоѓа на ул. Христијан Карпош бр.6/4, спроти Здравниот дом.
Телефон: 070 22 82 82
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
www.eho-org.mk
Работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица
- Details
- Created on Thursday, 27 May 2021 22:54
ЕХО организираше работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица, за ефикасна заштита на жените и девојките изложени на насилство, која се одржа на 25 мај во Хотел Изгрев во Штип. Работната средба овозможи размена на искуства во однос на предизвиците за начинот на функционирање, комуникација и координација на тимовите во услови на здравствена криза, Средбата исто така претставуваше исклучителна можност да се развие дикусија во однос на примената и функционалноста на новиот Закон за заштита и спречување на насилство врз жените и семејното насилство, особено што доцни подготовката и усвојувањето на подзаконските акти кои треба да одговорат на одредени недоречености во законот. Претседателката на ЕХО, Бети Пејева ги презентираше плановите и идните активности на организацијата кои се предвидени за јакнење на капацитететите на Мултисекторските тимови, реплицирање на моделот за интегративен мултисекторски пристап во Општина Прилеп, како и плановите за развој на самата организација во насока на проширување на стручниот персонал и зајакнување на организациските капaцитети за влијание врз политиките насочени кон ефективна примена на модулите за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство. Работната средба беше реализирана во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna. {gallery}27.05.2021{/gallery}
Започна да се применува новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените
- Details
- Created on Thursday, 06 May 2021 22:50
Денес почна да се применува новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Со овој закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово-базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство.